СДСМ: Славески и Мицкоски велат имаме најдобра куповна моќ – граѓаните гледаат во фрижидерот и се прашуваат каде живеат

Од:

Гувернерот Трајко Славески излезе со статистика дека Македонија има подобра куповна моќ од седум земји во Европа. ВМРО додава дека имаме „најбрзо растечки минимални плати во ЕУ“-затоа што платите се меѓу најниските, а Мицкоски не дозволи зголемување на 600 евра, велат од СДСМ.

– И сега ова треба да нè убеди дека добро живеат граѓаните? Значи ли ова дека народот можеме да си ги дозволи астрономските цени на горивата и цените коишто пораснаа до плафон? Значи ли ова дека сите овие поскапувања не се одразуваат врз домашните буџети?

Значи ли ова дека потрошувачката кошничка, која веќе надмина 70.000 денари, не е многу? Гувернерот Славески и Мицкоски нека ја понесат онаа табла на која Мицкоски црта (копирајќи го Вучиќ) и нека ја презентираат својата статистика пред луѓето што немаат ни леб да им обезбедат на своите деца, па нека ги нахранат со статистика. Народот не гледа во статистика. Народот гледа во фрижидерот и во паричникот. И сѐ гледа. Само се прашуваат граѓаните каде живеат Мицкоски и Славески? Џабе статистика кога сѐ е празно.Нула – колку и да кажеш пати е зголемено – останува нула. Тоа не е статистика. Тоа е реалност. Мицкоски живее во бајки. Веројатно и неговиот живот во луксуз е бајка. За граѓаните – останува празен фрижидер, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски