Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето открива дека:
• Во 80-те општини и Градот Скопје во 2024 година склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 11,7 милијарди денари, односно 190 милиони евра.
• Само во 2024 година, вредноста на општинските тендери пораснала за 16 проценти, односно за 26 милиони евра.
• Најголем скок во вредноста на тендерите имаат скопските општини Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода.
• Град Скопје првпат го загуби приматот и со годишен пад на вредноста на тендерите од 11,5 милиони евра, се наоѓа на шестото место.
• Општините склучиле договори за јавни набавки со 1.210 фирми.
• Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
• На врвот според вкупната вредност на договорите е ЕДС (Енерџи деливери солушнс) со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу осум милиони евра.
• Општините трошат на јавни набавки просечно по 28 % од своите буџети.
• Најголема вредност на набавки по жител има Дојран, 675 евра, а најмала Градот Скопје, само 14 евра.