54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Од:

Полициски службеници го уапсија С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека ноќеска во два часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски