Зеленски призна дека Украина повеќе не може со сила да ги врати изгубените територии

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека враќањето на териториите под руска контрола со вооружени средства повеќе не е можно и дека ќе биде потребно да се бараат дипломатски решенија.

Според британскиот Телеграф, Зеленски нагласи дека Киев би го поздравил прекинот на огнот што би го замрзнал конфликтот на сегашната линија на фронтот, но без меѓународно признавање на руската контрола врз која било „окупирана територија“.

„Сепак, Зеленски призна дека ослободувањето на окупираните територии со вооружена сила повеќе не е можно и дека ќе биде потребно да се користат дипломатски средства“, објавува весникот.

Во истиот текст се цитираат и резултатите од анкетата на Галуп, според која само една четвртина од украинските граѓани се подготвени да се борат против Русија „до крај“, што укажува на значителен пад на довербата во можноста за воена победа.

Оваа изјава дојде еден ден по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, во Кремљ, по што беше најавена средба меѓу Путин и американскиот лидер Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

Зеленски: Има шанса за мир со Русија во следните 12 месеци

Пресметката меѓу Зеленски и Кличко влезе во својата последна фаза

Естонија испрати писмо до ЕУ: „Ги има милион, ќе бидат вооружени, ќе бидат испратени во Европа“

Судот во Полска осуди руски агент кој сакаше да го убие Зеленски

Епстајн заговараше државен удар во Украина

Горан Наумовски