ВИДЕО: Путин не е против средба со Зеленски

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „нема ништо против“ средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавија руските медиуми.

Путин, исто така, зборуваше за можноста за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека „интересот е взаемен“ и дека Обединетите Арапски Емирати се разгледуваат како потенцијална локација за самитот.

Зеленски го покани Путин на состанок во Истанбул уште во мај за да разговараат за запирање на војната. Рускиот претседател тогаш не одговори на поканата.

Зеленски потоа рече дека е подготвен да разговара лично „во секое време и на кое било место“ доколку има можност да се запре агресијата врз Украина. Русија официјално не го прифати предлогот.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија подготвува нов масовен напад врз украинската инфраструктура

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

Зеленски: Ќе побарам од новиот Конгрес на САД да го зголеми притисокот врз Русија

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери