Најмалку три лица загинаа, а 18 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Италија

Од:

Најмалку три лица загинаа, а 18 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на автопат во близина на Арецо, Италија. Несреќата се случи кога камион премина во лентата за итни случаи и се судри со други возила.

Тројцата кои загинаа биле во амбулантно возило кое e смачкано во судирот со три други автомобили, возило со камп-приколка и камион. Двајца од тројцата загинати биле лекари од амбулантното возило, а третиот бил пациент. Еден од повредените е во тешка состојба, објави новинската агенција Анса.

Претседателот на регионот Тоскана, Еуџенио Џани, изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Два хеликоптери и неколку амбулантни возила, како и полициски и противпожарни екипи, се наоѓаат на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски