(ВИДЕО) Чудо: Девојче од Газа преживеа куршум кој и заврши во главата

Од:

Лана Ал-Басус, девојче од Појасот Газа, преживеа на неверојатен начин откако беше погодена од куршум испукан од израелски дрон, кој застана меѓу нејзиниот череп и скалп – без да ја пробие коската на нејзината глава.

Веста за ова чудо доаѓа во време кога бројот на убиени и ранети луѓе во израелската офанзива врз Газа продолжува драматично да расте.

Најмалку 60.249 Палестинци се убиени во израелските бомбардирања во Појасот Газа од октомври 2023 година, според податоците објавени денес од Министерството за здравство на Газа.

Во последните 24 часа, 111 тела се донесени во болниците во Газа, додека 820 лица се ранети, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 147.089.

Особено вознемирувачки се податоците за убиствата на Палестинците додека се обидуваа да допрат до хуманитарна помош. Министерството за здравство објави дека во овој контекст, 91 Палестинец е убиен во последните 24 часа, додека над 666 се ранети. Од 27 мај до денес, вкупно 1.330 лица се убиени, а 8.818 се повредени додека барале основни средства за преживување, вклучувајќи храна и вода.

Израелската армија продолжи со нападите врз Појасот Газа на 18 март, и покрај претходниот договор за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари. Оттогаш, според министерството, 9.071 Палестинец се убиени, а 34.853 се ранети.

Би можело да ве интересира

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Објавена е снимката од мобилниот телефон на агентот кој уби жена во Минеаполис

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Украинските пилоти очајни: Тактиките на НАТО не функционираат

Предраг Петровиќ

Барање до Трамп: Интервенирај во Иран