Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Од:

Дебарски полициски службеници уапсиле жител на Штип, кој управувал патничко моторно возило со 1,81 промили алкохол во крвта.

-Денеска во 01:15 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Д.В.(32) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со кавадаречки регистарски ознаки, и при извршено алкотестирање констатирале дека тој го управувал возилото со 1,81 промили алкохол во крвта, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Штипјанецот веднаш бил исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Димоски информираше, дека во рамки на засилените сообраќајни контроли во патниот сообраќај, од синоќа во 23:00 до утрово во 5:00 часот на подрачјето што го покрива ОВР Дебар, полициските службеници затекнале тројца возачи кои управуваме моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози.

Би можело да ве интересира

Полиција уапси Хрват кој возеше со 4,2 промили алкохол во крвта

А1он

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Скопјанец пијан возел на патот Охрид-Кичево

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил

Уапсен е кумановец кој возејќи со 2,37 промили алкохол во крвта направи сообраќајка

А1он