Полицајци денеска уапсија 62-годишен возач од Прилеп кој на автопатот Велес – Скопје управува товарно возило под дејство на алкохол и вршеше вонгабаритен превоз без потребното одобрение.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, контролата е извршена околу 08:40 часот, кога било запрено товарно возило „Волво“ со прилепски регистарски ознаки.
При проверката било утврдено дека возачот превезува работна машина – дигалка со ширина од 275 сантиметри, без одобрение за вонреден превоз.
Дополнително, алкотестирањето покажало дека има 1,81 промили алкохол.
Против К.З.(62) ќе бидат преземени законски мерки за безобѕирно управување со моторно возило, како и прекршочни санкции по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата поради вршење вонгабаритен превоз без дозвола.
Предвидена е и прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице во компанијата.
