Пијан „возач“ без возачка дозвола излета од пат кај Кочани, едно лице е тешко повредено

Од:

Дваесет и четиригодишен жител на виничкото село Градец е уапсен откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци–Зрновци, во која едно лице е тешко повредено, а две се здобија со полесни повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24), управувајќи возило „опел“ изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.

При увидот, полициските службеници од ОВР Кочани утврдиле дека возачот не поседувал возачка дозвола. Дополнителните проверки покажале дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.

По наредба на јавен обвинител, Д.Н. е лишен од слобода. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он