(ВИДЕО) Турција во пламен, се огласи Ердоган: Подигнавме 27 авиони, 105 хеликоптери, десетици илјади луѓе…

Од:

За да ја заштитиме нашата „Зелена татковина“, моментално сме во готовност дење и ноќе со 27 авиони, 105 хеликоптери, речиси 6.000 копнени возила, 25.000 храбри шумски работници и 132.000 волонтери, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во објава на социјалната мрежа X, Ердоган додаде: „Турција води голема борба против шумските пожари, и од воздух и од земја“.

Тој исто така го изјави следново:

„Нашето Министерство за земјоделство и шумарство, како и сите надлежни институции, под координација на Дирекцијата за вонредни ситуации (AFAD), продолжуваат да работат без прекин, со голема грижа, посветеност и жртва. Од почетокот на летото успеавме целосно да изгасиме 3.062 пожари“.

Ердоган изрази благодарност до сите херои кои ги вложуваат своите срца и несебично работат за гаснење на пожарите кои се уште се активни во различни делови од земјата, со надеж дека наскоро ќе дојдат добри вести.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи