Вработените во НАСА поднесуваат барања за одложено отпуштања

Од:

Повеќе од 20 отсто од вработените во НАСА, или околу 3.870 работници, аплицирале за напуштање на агенцијата преку првата рунда од Програмата за одложено отпуштање, потврди НАСА за CBS News.

Програмата беше воведена за време на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со цел да се намали бројот на вработени во федералните агенции.

Рокот за аплицирање за програмата истече на полноќ во петок, а според НАСА, бројот на вработени во агенцијата ќе се намали од околу 18.000 на 14.000, што вклучува околу 500 работници кои заминале поради пензионирање и други причини.

Портпаролката на НАСА, Шерил Ворнер, нагласи дека безбедноста останува клучен приоритет за агенцијата и дека целта е да се балансира ефикасноста на организацијата со зачувување на можноста за продолжување на истражувањето, вклучително и мисиите на Месечината и Марс.

Како дел од програмата, околу 870 вработени аплицирале за напуштање во првата рунда, додека околу 3.000 работници аплицирале во втората рунда.

Програмата за одложено отпуштање беше дизајнирана како алатка за намалување на трошоците и бројот на вработени во федералната влада, а беше иницирана од Одделот за ефикасност на владата.

Предлог-буџетот на Белата куќа за фискалната 2026 година предвидува намалување на финансирањето на НАСА за околу 25 проценти, од 24 милијарди долари на 18 милијарди долари, што, според гореспоменатиот медиум, дополнително предизвикува загриженост кај вработените.

Трамп го номинираше милијардерот и астронаут Џаред Исакман за следен администратор на агенцијата во декември, но номинацијата беше повлечена кон крајот на мај, кратко пред гласањето во Сенатот.

По повлекувањето на својата номинација, Трамп го назначи министерот за транспорт Шон Дафи привремено да ја преземе раководството во НАСА, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Трамп го назначи министерот за транспорт Шон Дафи за привремен шеф на НАСА

НАСА ги објави земјите кои би можеле да бидат погодени од најопасниот астероид во 2032 година

Ројтерс: Повеќе од 20.000 американски федерални вработени се согласија да си заминат од своите работни места

Драма во вселената: „Заглавената“ астронаутка заборави да оди

А1он

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

A1on