Италијанец станува првиот европски астронаут во програмата „Артемис“ на НАСА

Од:

Италијанскиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано, ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави денес шефот на американската вселенска агенција НАСА, Џаред Исакман.

49-годишниот Пармитано ќе биде еден од четворицата астронаути на мисијата „Артемис 3“, рече Исакман.

Лансирањето се очекува во 2027 година.

Сепак, вселенското летало нема да оди на Месечината, туку ќе биде во Земјината орбита за тестирање.

Покрај Пармитанo, во екипажот ќе бидат и американските астронаути Андре Даглас, Френк Рубио и Ренди Бресник, додека Боб Хајнс ќе биде резерва во случај на потреба.

За разлика од првичните планови, мисијата „Артемис 3“ не вклучуваше слетување на Месечината. Наместо тоа, ќе се тестира поврзувањето на вселенското летало „Орион“ со системите за слетување на Месечината.

Преку програмата „Артемис“, НАСА има за цел да воспостави трајно присуство на Месечината, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Астронаутите од мисијата „Артемис 2“ слетаа на Земјата

Предраг Петровиќ

Екипажот на „Артемис II“ планира утре да се врати на Земјата

ВИДЕО: „Артемис II“ тргна кон дома откако патуваше подалеку од Земјата од кој било друг досега

Катерина Ѓуровски

Човекот отиде најдалеку од Земјата – екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот од 1970 година

А1он

ВИДЕО: Четворицата астронаути од мисијата „Артемис II“ на НАСА ја напуштија Земјината орбита

ВИДЕО: Четворица астронаути тргнаа на пат кон Месечината

Предраг Петровиќ