Конфликтот меѓу Тајланд и Камбоџа продолжува, 30 мртви, 130.000 раселени

Од:

Судирите на тајландско-камбоџанската граница продолжија трет ден по ред, а денес се појавија нови жаришта, бидејќи двете страни побараа дипломатска поддршка, тврдејќи дека дејствувале во самоодбрана и повикувајќи ја другата страна да прекине со огнот и да започне преговори, објави Ројтерс.

Најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од 130.000 се раселени во најжестоките борби меѓу Тајланд и Камбоџа во последните 13 години.

Тајландската морнарица соопшти дека борбите избувнале во крајбрежната покраина Трат, отворајќи ново жариште на повеќе од 100 километри од другите жаришта по должината на границата за која двете земји спорат со децении.

Тензиите ескалираа кон крајот на мај кога еден камбоџански војник беше убиен во кратка престрелка. Потоа двете страни распоредија дополнителни војници, а дипломатската криза ја доведе кревката коалициска влада на Тајланд на работ на колапс.

Вршителот на должноста премиер на Тајланд, Фумтам Вечајачаи, изрази сериозна загриженост поради ескалацијата на тензиите на границата со Камбоџа. По вториот ден последователни вооружени инциденти, тој предупреди дека ситуацијата може да излезе од контрола.

„Доколку ситуацијата ескалира, може да се развие во војна, иако засега останува ограничена на судири“, изјави Вечајачаи пред новинарите во Бангкок, објави АФП. Тој нагласи дека судирите веќе негативно влијаеле врз животите на локалните жители и рече дека владата презема сите мерки за „заштита на нашата нација и суверенитет“.

Би можело да ве интересира

Русите ја подготвуваат јавноста за војна со НАТО

Горан Наумовски

Камбоџа го прифати предлогот на Малезија за прекин на огнот

ВИДЕО: Конфликтот со Комбоџа може да прерасне во отворена војна, предупредува Тајланд

Катерина Ѓуровски

Тајландска армија: Девет цивили убиени во судир со Камбоџа, вклучувајќи и едно момче

Властите во пристаништето Ротердам сериозно се подготвуваат за војна со Русија

Виктор Орбан: За да се стави крај на војната во Украина, потребни се дипломати, а не генерали

Горан Наумовски