Седум пожари им задаваат проблеми на пожарникарите

Од:

На територијата на државата се евидентирани вкупно 11 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола и четири се изгаснати, извести ЦУК.

Активни се пожарите во:

Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планините Голем Готен и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (мешана шума);
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

Под контрола се пожарите во:

Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);

Би можело да ве интересира

Шпанија: Андалузија погодена од најразорниот пожар досега, 12 лица загинаа

Горан Наумовски

Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски