За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

Од:

На почетокот на јуни годинава, еден пар од Берлин доживеа кражба – нивното плишано мече беше украдено. Сепак, ова мече има голема сентиментална вредност за нив, па затоа решија да ја зголемат наградата за неговото враќање на неверојатни 5.000 евра.

Откако мечето исчезна од ресторанот Ајнштајн“ во берлински кварт, Маркус Ерленбауер од Билефелд продолжува со потрагата по него.

Бидејќи сè уште нема трага од плишената играчка, наградата сега е зголемена за лицето што ќе ја пронајде.

Мечето има посебна емоционална вредност за сопственикот, бидејќи беше последниот подарок од неговата почината мајка.

Тоа беше последниот подарок од мојата мајка, која трагично почина“ – рече Ерленбауер.

Претходно беше понудена награда од 1.000 евра, но сега таа е зголемена на 5.000 евра.

Исто така, сопственикот нагласи дека нема да се јави во полиција, ниту да поднесе пријава ако мечето му биде вратено во замена за наградата.

Би можело да ве интересира

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Борислав Павловски од Хрватска – добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот на „Бајазит и Оливера“ од Драги Михајловски

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците