Пожарникарите нашле три запалени гуми при гаснење на пожарот на планината Жеден

Од:

Пожарот на планината Жеден е предизвикан од човечки фактор, односно подметнат, изрази сомневање градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу попладне во изјава за медимуите. Според информациите кои ги добил од пожарникарите најдени се запалени гуми од возила.

-Нашите сознанија, информации и од противпожарните единици од пожарникарите што беа овде, се дека три гуми се најдени запалени, што докажува дека е човечки фактор на целиот овој настан, изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.

Огнот зафати десетици хектари нискостеблеста шума и сува вегетација, а се шири и поради ветер. Дејствуваат тетовските пожарникари, армиски хеликоптер, полициски камион МАН со цистерна од 8 тони и воден топ, 2 теренски возила пинцгауер, 1 хермелин,30 припадници на Армијата, екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и авионите ер-трактори на ДЗС за воздушна поддршка.

Би можело да ве интересира

На Пелистер падна снег

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца