Поради пожар, затворен за сообраќај регионалниот пат Тетово – Скопје

Од:

АМСМ соопшти дека од 13:15 часот регионалниот пат Тетово – Скопје на потег од Добарски надвозник до бензинска пумпа Џезо Петрол е затворен за сообраќај поради избувнат пожар.

На пожарот помеѓу Желино и Еребино дејствуваат еден армиски хеликоптер, еден полициски камион марка МАН со цистерна од 8 тона и воден топ, два пинцгауери, еден хермелин, 30 војници и повеќе екипи на скопската бригада за противпожарна заштита заедно со пожарникарите од ТППЕ Тетово.

Два ер трактори ќе полетаат во 16.00 часот.

Би можело да ве интересира

На Пелистер падна снег

ДЗС: Испратени се дополнителни сили за справување со пожарот над селото Копаница

(ВИДЕО) Голем пожар беснее во Солун: Повеќе од 100 пожарникари се борат со огнената стихија

Четири изгубени животи што не се забораваат – 14 години од пожарот над Струмица

(ВИДЕО) Пожарот што избувна во Толедо се прошири на поширокото подрачје на Мадрид

Трагедија во Перу: Пожар во Лима одзеде најмалку десет животи, загинаа пет деца