СДСМ: Мицкоски манипулира, ГРЕКО констатира дека речиси ништо не е спроведено

Од:

Скандалозна и манипулативна е изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Владата наводно добила „петка“ за борбата против криминалот и корупцијата.

Мицкоски уште еднаш се обидува да ја изврти вистината и да ја лаже јавноста: реалноста е дека ГРЕКО, како дел од Советот на Европа, во последниот извештај јасно констатира дека Владата речиси ништо не спровела од препораките за борба со корупција и дека напредокот е недоволен.

Владата не доби „петка“, туку уште 5 забелешки на адреса на институциите за неисполнетите обврски. Македонија и понатаму се смета за „глобално незадоволителна“ според мониторингот на ГРЕКО.

Аплаузот за кој зборува Мицкоски е само во неговата глава. Граѓаните гледаат како криминалот цвета, како институциите се партизираат, а корупцијата останува недопрена. Владата на Мицкоски не само што не ја бори корупцијата, туку со вакви лаги и манипулации се обидува да ја прикрие.

Да потсетиме, ГРЕКО бара итно:

донесување и примена на нови закони за финансирање на политички партии,

засилување на контролата на имотот и интересите на функционерите,

зајакнување на антикорупциските механизми во собранието, судството и извршната власт.

Ништо од ова не е завршено. Затоа лагите на Мицкоски за некаква „петка“ се навреда за сите граѓани кои бараат правда и ред.

СДСМ бара Владата веднаш да престане со манипулации, да се соочи со фактите и конечно да почне да спроведува вистински реформи, а не само да им аплаудира на сопствените неуспеси, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски нема ниту еден резултат, реконструкцијата е само замена на имиња и нема да смени ништо

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Одложена координативната средба на опозициските партии околу Изборниот законик, поради неприсуство на СДСМ

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер

А1он

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик