Изминатиот викенд полицијата напиша 1.711 казни

Од:

Во деновите од изминатиот викенд во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги извршуваат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.711 издадени платни налози дури 828 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописите по однос на брзината на движење.

Детектирани се 148 возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, 80 возачи управувале под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 70 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига, извести полицијата.

„Покрај ова согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 184 прекршоци се изречени за недозволено, односно неправилно паркирање, додека пак прекршочно се санкционирани уште 71 лице што не користеле сигурносен појас, 44 заради користење мобилен телефон при возење, четворица возачи минале на црвено светло, а прекршочни казни добиле и 11 пешаци. По основ пак на Законот за возила, викендов 37 возила биле отстранети заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, тврдат од МВР.

Би можело да ве интересира

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Најмалку 120 лица повредени во антивладините протести во Мексико Сити