ЗНАМ: Насилството мора да биде санкционирано со полна сила на институциите

Од:

Градската организација на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија – Скопје најостро го осудува секој облик на насилство, закани и притисоци врз
избрани функционери, без разлика на политичката припадност.

Во демократска и правна држава, ваквите појави се недозволиви и мора да бидат санкционирани со полна сила на институциите, за да ја зачуваме вербата во системот и владеењето на правото.

Очекуваме надлежните органи без одлагање да го расветлат случајот, да ги утврдат сите факти и да обезбедат целосна транспарентност пред јавноста.

Политичките разлики се природни и потребни во едно демократско општество, но никогаш не смеат да се претворат во говор на омраза, лични
напади или закани.

Веруваме дека Скопје може и мора да се води со разум, достоинство и визија. Затоа остануваме доследни на вредностите на дијалогот, почитта и зрелото управување, затоа што Скопје заслужува управување кое ги чува неговите корени и го носи кон светла иднина.

Би можело да ве интересира

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Јаневска: Одговорност мора да има и за родителите за случајот со врсничко насилство

Предраг Петровиќ

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Невремето предизвика поплави и штети во повеќе региони