(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Од:

Координатoрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите.

„Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе село Долно Коњае, гори селото Николиќ итн. Затоа барам веднаш претседателот Африм Гаши да се врати во Собранието каде и да е, да свика една ад-хок координација и на таа координација да видиме како Собранието може да помогне во целата оваа ситуација и што е тоа што треба да го да го направиме. Инаку се друго нема поента веќе да да дискутираме и да правиме се додека луѓе умираат од пожарите а нема никој да реагира во овој дел. И навистина мислам дека треба барем ние да покажеме малку поголема одговорност, барем час пауза и Африм Гаши да дојде во Собранито“, рече Спасовски.

При тоа, тој остро реагираше на отсуството на владини министри а од денешната собраниска седница наменета за пратенички прашања од опозицијата. Спасовски посочи дека тоа е грубо непочитување на Деловникот, но и на функцијата на Парламентот како претставнички дом на граѓаните.

„Не треба апсолутно ваков однос да се толерира повеќе, затоа што не е ова прв пат да имаме присутни еден или двајца или тројца министри од 24 министри во владата коишто ги имаме денеска. Што е поважната работа од тоа што денеска треба да работи Собранието, тоа е прво и второ за коешто сакам исто така реагирам, очигледно е дека сето ова што го правиме денеска одговараме поставуваме прашања нема кој да даде одговори“,рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Кузеска: Народот ќе го победи Мицкоски, ќе победи европска Македонија

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ