(ВИДЕО) Арсовска: Инспектор од МВР со див приклучок за вода ја нападна советничката Витина

Од:

Извесен инспектор од МВР фатен со див приклучот за вода, во бес ја нападна советничката Ирена Витина, објави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Таа објави и видео од инцидентот.

– Секој ден се фаќаат по 30 ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ од кои си наводнуваат цели ниви, приклучоци на дивоградби, на полнење базени, истите ни денар не плаќаат затоа нерационално трошат бидејќи ја добиваат за џабе, а МВР не постапува.Тогаш мафијашите мислат дека можат да прават што сакаат и ќе си поминат неказнето, а нивниот број се зголемува. Сите скопјани трпат штета од таквите, сред најголемите горештини нема вода од таквите, 700 литри вода по жител на Скопје е колку овие ликови трошат на грбот на Скопјани и на природниот извор Рашче.
Додека не пикнат еден од овие во затвор, состојбите само ќе се влошуваат, А ДРУГ ИЗВОР НА ВОДА НЕМАМЕ и нема како да се добие вода, џабе негодувања, џабе жалење.На последниот случај на фатен како прави див приклучок сторител беше извесен инспектор од МВР наречен Бујо, кој во бес дека се фатени сред дело, физички ја нападна советничката во град Скопје Ирена Витина пред очите на неговите колеги од МВР кои не реагираа на нападот, иако истиот беше пред 10 сведоци и целиот настан е снимен од почеток до крај, напиша Арсовска.

Јавното претпријатите Водовод во неколку наврати апелира на разумно трошење на водата, но и на дивите приклучоци. Делови од Скопје се соочуваат со недостаток на вода во одредени делови од денот.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски