Трамп: Смешна е идејата на Маск за трета партија во САД

Од:

Смешен е потегот на американскиот милијардер Илон Маск да формира нова политичка партија, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп.

„Мислам дека е смешно да се основа трета партија. Тоа само ја зголемува конфузијата. Нека се забавува со тоа, но јас мислам дека е смешно“, рече Трамп.

Трамп рече дека има големи шанси следната недела да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници што сè уште ги држи Хамас.

„Таквиот договор би можел да вклучува неколку заложници“, рече Трамп пред патувањето во Вашингтон, каде што ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Би можело да ве интересира

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“