Трамп: Добри се шансите за постигнување договор со Хамас

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постојат „добри шанси“ за постигнување договор со палестинското исламистичко движење Хамас „оваа недела“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени во Појасот Газа.

„Веќе ослободивме многу заложници, но што се однесува до преостанатите заложници, добар број ќе бидат ослободени. Очекуваме да го постигнеме тоа оваа недела“, изјави тој за новинарите пред да се качи на авион назад за Вашингтон.

Индиректните преговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа започнаа вчера во Доха, пред состанокот меѓу американскиот претседател и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

За време на овој состанок во Белата куќа, меѓу другото, ќе се дискутира за предлогот на САД за 60-дневен прекин на огнот во Појасот Газа, кој е нарушен по 21 месец војна меѓу Израел и Хамас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот

„Политико“: Вашингтон молчи додека Британија и сојузниците воведуваат санкции за израелските доселеници

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Четири лица загинаа, а 20 се ранети во израелски напади врз јужен Либан