Предупредување од врвот на армијата: Русите во секој момент ќе нападнат

Од:

Врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, денес предупреди на можноста за нова руска офанзива врз регионот Харков, на североистокот на Украина, каде што се водат интензивни борби откако Москва го нападна Киев во 2022 година.

Руските сили полека напредуваат низ одбранбените линии на Украина на повеќе фронтови ова лето, обидувајќи се да ја искористат својата бројна супериорност во човечка сила и муниција, објавува Ројтерс.

Припадниците на руските сили веќе навлегоа во северниот украински регион Суми во последните месеци, создавајќи мало упориште таму, според агенцијата.

„Посветив два дена на работа со единиците во регионот Харков“, напиша Сирски во објава на каналот Телеграм. Тој додаде дека поминал време разговарајќи со командантите, проучувајќи ја ситуацијата на терен и потребите на војниците.

„Русите бараат да ја искористат својата бројна предност, но ние мора да бидеме подготвени и да користиме соодветни тактички и технолошки решенија за да не им дозволиме да напредуваат“, заклучи Сирски.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски