Едно лице загина, а друго е повредено во нов руски напад со беспилотни летала врз Киев, откако дрон удри во 24-катна станбена зграда во Свјатошинскиот округ, потврдија градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, и градската воена управа.
“Frankly normal” morning in Kyiv.
The moment a russian drone strikes a residential building. https://t.co/vZ6IzamWpi
— UAVoyager🇺🇦 (@CrimeanVoyager) October 21, 2026
На социјалните мрежи набрзо се прошири снимка од ударот, на која се гледа како руски дрон со голема брзина удира во зградата на висина на 19-тиот кат. По ударот следува експлозија, а потоа избувнува пожар.
На местото веднаш биле испратени противпожарни и медицински екипи, кои ја потврдиле смртта на еден од станарите и ја згрижиле повредената личност.
Нападите со дронови врз украинската престолнина се одвивале во бранови од синоќа до утрово. Освен директниот удар во станбената зграда, штети биле регистрирани и на други локации во градот.
Во Десњанскиот округ, остатоци од дрон и неговиот пад предизвикале пожар на паркирани автомобили. Во Соломјанскиот округ бил погоден објект на сообраќајната инфраструктура, каде што исто така избувнал пожар.
Во истиот округ бил регистриран и пад на дрон на отворен простор, но во тој инцидент, за среќа, немало материјална штета ниту повредени лица.
