Русите објавија: Тој нареди соборување на авионот со украински затвореници

Од:

Рускиот истражен комитет утврдил дека командантот на 138-та бригада за воздушна одбрана на вооружените сили на Украина, Микола Џаман, издал наредба за соборување на авионот Ил-76 со украински затвореници во 2024 година.

По истрагата, Истражниот комитет го стави Џаман на меѓународната листа на барани лица, објави ТАСС.

Според прес-службата на Истражниот комитет, авионот бил соборен од противвоздушна ракета „Патриот“.

Во соработка со Генералштабот на вооружените сили на Русија, утврдено е дека ваквите системи се во служба на 138-та противвоздушна ракетна бригада на вооружените сили на Украина.

Џаман е обвинет за извршување терористички акт.

Истражниот комитет изјавил дека во тек е идентификација на други соучесници, вклучително и високи воени функционери на украинското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најжестоките руски напади на Киев во последно време, Трамп најавува дека крајот е блиску

ВИДЕО: Виткоф му рече на Путин дека е хуманитарец

Рускиот дизел утре тргнува за Америка

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

ВИДЕО: Руски дрон се заби директно во зграда во Киев, има жртви и повредени

Катерина Ѓуровски