Конгресната борба на републиканците за спроведување на „популарните“ мерки на Трамп

Од:

Републиканците во Сенатот гласаа „за“ за клучен процедурален чекор на напната седница во саботата навечер, во обид брзо да го „протуркаат“ непопуларниот пакет даночни олеснувања, намалување на трошоците и зголемување на владините средства за депортација на мигранти што ги спроведува претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Конечното и тесно гласање, со 51 глас „за“ наспроти 49 „против“, следеше по бурната ноќ во која американскиот потпретседател Џ.Д. Венс дојде во Конгресот за да го реши застојот, објавува АП.

Републиканците се обидуваат да го искористат своето мнозинство во Конгресот за да го надминат отпорот на демократите, но наидоа на голем број политички пречки бидејќи не сите републикански пратеници се согласуваат со предлозите за намалување на Медикејд, купони за храна и други програми за да се покријат трошоците за продолжување на даночните намалувања на Трамп од околу 3,8 трилиони долари.

Трамп остро ги критикуваше оние што се спротивставуваат, заканувајќи се дека ќе започне кампања против републиканскиот сенатор Том Тилис од Северна Каролина, кој рече дека не може да го поддржи законот поради строгите намалувања на Медикејд.

Сенаторот Тилис рече дека се плаши дека многумина во неговата држава ќе останат без здравствена заштита, па затоа тој и сенаторот Ранд Пол од Кентаки гласаа против тоа.

Притисокот и противењето на усвојувањето на овие мерки доаѓаа од различни страни, а неодамнешниот соработник на Трамп, милијардерот Илон Маск, го критикуваше пакетот, нарекувајќи го „целосно луд и деструктивен“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Фокс њуз“ праша еден човек зошто дошол на митингот на Трамп, одговорот стана хит

(ВИДЕО) Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Трамп размислува за укинување на санкциите кон Русија

(ВИДЕО) Синот на Болсонаро побегна во САД по изборниот пораз, Трамп му одобри виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демократите го обвинуваат Трамп за сексуално злоставување девојки поврзани со Епстин, бараат независна истрага