ДУИ: Предлог-законот за правична застапеност претставува институционална измама

Од:

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост поради усвојувањето на Предлог-законот за правична и соодветна застапеност од страна на Владата, закон кој суштински не нуди решение, туку манипулира, продлабочувајќи ги нееднаквостите во застапеноста и избегнувајќи ги уставните обврски, велат од ДУИ.

– Јавното дистанцирање на албанскиот член на работната група, проф. д-р Мерсим Максути, е најјасен аларм дека овој предлог-закон е неуспешен во својата основа. Во своето издвоено мислење, Максути го оцени предлог-законот како скандалозен, неприменлив и противуставен, осудувајќи го отсуството на квоти за помалку застапените заедници, слабите механизми за имплементација и потпирањето на политичка волја, наместо на законски обврски.

Законот не гарантира никакви квоти за застапеност на етничките заедници, релативизирајќи го колективното право на застапеност преку нејасни и исклучувачки критериуми како „професионалност“ и „компетентност“, исто како пред 2001 година.

Предложеното Координативно тело е фарса, немоќно, без јасно дефинирано политичко водство и без реални овластувања да бара одговорност од институциите што го прекршуваат законот.

Законот е изготвен врз интересите и идеите на Каракамишева, а не врз реалните потреби на дискриминираните граѓани. Тој е усвоен само за да се испрати до Венецијанската комисија, заобиколувајќи ја внатрешната јавна дебата.

Недостигот на санкции и правна одговорност го прави овој закон пропаганден документ, без обврзувачка сила и без реално влијание врз подобрување на застапеноста.

Референцата на одлуката на Уставниот суд е злоупотребена за да се оправда избегнувањето на квотите. Уставот на РСМ, преку Aмaндманот VI, јасно го гарантира правото на правична и соодветна застапеност како колективно право кое не може да се релативизира со слаб закон.

ДУИ смета дека јавното отфрлање на овој закон од страна на проф. Максути е јасен показател дека ова не е закон на сите граѓани на РСМ, туку централизирана алатка дизајнирана за да ја заштити дискриминаторната статус-кво состојба.

Ние остануваме верни на Охридскиот договор, на Уставот на државата и на темелното право на секој граѓанин за правична и соодветна застапеност во јавните институции. За нас, застапеноста не е политичка опција, туку уставна и морална обврска, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ