Половина милијарда евра повеќе од буџетот за одбрана да ги инвестираме во домашно производство – министерот Муцунски на линија со позициите на ЛДП, велат од партијата

Од:

По вчерашната изјава на гувернерот на НБРМ за намалување и укинување на неоснованите банкарски трошоци по средбата со македонските банкари, Владата поддржа уште еден значаен предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП), иницијативата за стратешко зајакнување на македонската одбранбена индустрија, согласно препораките на НАТО за зголемување на буџетите на земјите членки.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во изјава на самитот на НАТО во Хаг, нагласи дека „кохерентноста и единството се нашата најсилна алатка за справување со заедничките закани и предизвици“ и апелираше за континуирана инвестиција во сопствените одбранбени капацитети – став што е во целосна согласност со повиците на ЛДП за обнова на домашното производство и воените капацитети, пред сѐ на фабриките за оружје во Прилеп и Самоков.

Ова е петти предлог на ЛДП кој Владата само во изминатата година го препозна и прифати. Претходно, државните претставници ги прифатија и почнуваат да ги имплементираат обележувањето на службените возила за спречување на злоупотреби; воведувањето законска можност за граѓански референдум за отповикување на градоначалници; креативното толкување на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени и намалувањето и укинување на банкарските провизии.

Со големи буџети, кои по последните препораки од НАТО за нивно зголемување, достигнуваат и до половина милијарда евра годишно, ЛДП во континуитет инсистира овие средства да бидат насочени кон домашен развој, работни места и технолошки напредок на одбранбената индустрија.

Во таа насока, упатуваме апел до Владата и пратениците од владејачкото мнозинство, доколку веќе преземаат идеи, да ја преземат и реализираат и онаа за воведување на отворени листи и една изборна единица. Со тоа, граѓаните ќе добијат вистински претставници во институциите, кои ќе се борат за подобрување на нивниот живот, наместо партиски пиони.

Како и досега, ЛДП останува посветена на нудење одговорни, конструктивни и реални решенија за подобар стандард на граѓаните и заедничко создавање на европска иднина на државата.

Би можело да ве интересира

Левица: Македонија ќе одвојува 5% од БДП за туѓи војни, додека народот е во борба за преживување

Катерина Ѓуровски

Иран е лут на шефот на НАТО

Макрон: Апсурдно е да се бара од Европа да троши повеќе додека е во трговска војна

Италија: Новите цели за трошење на НАТО се прифатливи за нас

Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување