Маск: Го вклучив Starlink во Иран за да имаат интернет

Од:

Милијардерот Илон Маск објави на социјалната мрежа X дека го активирал Starlink, системот за сателитска комуникација, во Иран откако властите во Техеран го прекинаа пристапот до интернет за граѓаните поради израелските напади врз нуклеарната програма на Иран рано наутро во петокот.

„Сигналот е вклучен“, напиша Маск.

Иранското Министерство за комуникации вчера објави дека, поради моменталната ситуација, привремено се воведени ограничувања за пристапот до интернет во земјата, што ефикасно го блокираше пристапот на граѓаните до странски извори на информации за време на конфликтот меѓу Техеран и Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност