Орбан: Унгарија нема да „падне на колена“ пред Украина

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека Украина не може да ја обврзе Унгарија да го поддржи нејзиното членство во Европската Унија.

„Ова би ја уништило Унгарија и би ги загрозило животите на нашите деца. Затоа не сакаме да ги прифатиме и тие немаат право да се приклучат кон ЕУ. Тие имаат право да побараат членство. А ние имаме право да ги прифатиме или отфрлиме“, рече Орбан во интервју за јавниот сервис, објавено од MTI.

Унгарија нема да „падне на колена“ пред Украина, рече Орбан.

„Свесни сме за нивната тешка ситуација и херојски напори, но нема да им се придружиме на Западноевропејците во слушањето во делириум кога украинскиот претседател (Володимир Зеленски) има нешто да каже. Знаеме многу добро кој е украинскиот претседател и знаеме дека Украинците не треба да се преправаат дека се застапници на моралот затоа што немаат основа за тоа“, рече Орбан.

Тој рече дека Зеленски „мора да разбере дека Унгарија им припаѓа на Унгарците“ и дека не може да поставува барања.

Би можело да ве интересира

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев

Лидерката на AfD ги испраќа Мерц и Писториус на украинскиот фронт

Горан Наумовски

Соборени се 53 украински дронови, повредени се три лица

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, Европската Унија се распаѓа

Песков: Нема „магично оружје“ за Киев што би ја променило ситуацијата на фронтот

Столтенберг: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за мир