А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителство отвори истрага против Скопјанец, во чиј дом е пронајден арсенал илегално оружје и муниција

by А1он10/06/2025 - 17:35623
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

-При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 29-годишник на улицата “Благоја Паровиќ” во Скопје, било пронајдено поголемо количество огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети и тоа: автоматска пушка со калибар 7,62×39 мм, четири рамки со 120 куршуми и уште дополнителни 779 куршуми боева муниција од истиот калибар наменета за испалување од автоматски, полуавтоматски пушки, митралези, пушкомитралези и репетирачки пушки. Биле пронајдени и 3 рамки со вкупно 51 куршум со калибар 9 мм Para и уште 136 куршуми од тој калибар наменети за испалување од автоматски огнени оружја и полуавтоматски пиштоли. Потоа биле откриени и 31 куршум боева муниција со калибар 7,65 мм, која исто така се користи за автоматски и полуавтоматски оружја, како и рачна граната од моделот РГД 5, која е од офанзивен тип со ефективно убиствено дејство од 15-20 метри и ранувачко дејство до 30 метри, соопштуваат попладнево од Јавното обвинителство.

Покрај ова оружје, муниција и експлозивни направи кои се целосно забранети за граѓаните, како што се наведува во соопштението, тој во домот без дозвола држел и огнено оружје кое било преправено – пиштол ZORAKI М 906-B со кој било овозможено истрелување на проектили од куршуми од боева муниција со кал.7,65 мм, пневматски пиштол марка SIG SAUER M17 наменет за истрелување на топчести проектили со калибар 4,5 мм, полуавтоматски пиштол RANGER RA9, како и 51 куршум со калибар 9 мм P.A.K. наменета за предизвикување звучен-сигнален ефект при испалување од оружје за светлосно-звучна сигнализација. Од Обвинителство посочуваат дека целото пронајдено илегално оружје и муниција се одземени од осомничениот.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Судот доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Следете a1on на Youtube YouTube
makedonijaobinitelstvooruzje

Би можело да ве интересира

Пожар на тешко достапен терен кај Валандово, општината се сомнева дека е намерно подметнат

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 16:07

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 14:59

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 14:5011/07/2026 - 15:48

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 13:12

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 13:1011/07/2026 - 13:10

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ11/07/2026 - 13:0411/07/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто