ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да навлегува во циркусот на меѓусебни обвинувања и политикантство креирано од заедничката коалиција ДУИ, СДС и Левица која единствена задача има да ја одржи во политички живот Данела Арсовска.

Вистината е дека со една седница на Совет нема да се реши проблемот со дивоградбите креиран триесетина години порано. Дополнително што Арсовска се сети за овој проблем 4 месеци пред крајот на мандатот, откако 4 години ги преспа на позицијата градоначалник.

Нема да навлегуваме во дискусии и провоцирани кавги со нејзе за да не и се влошува ситуацијата не сакајќи да бидеме дел од оваа нова нејзина епизода која и се случува пред избори.

И додека се случува циркусот Данела, дознаваме како едвај полнолетниот син на Блерим Беџети добил 12 илјади евра од Комунална хигиена на Данела Арсовска на име авторски договори за интелектуални услуги.

Од причина што сметаме дека нејзината состојба е злоупотребена од ДУИ и ја искористува на нечовечен начин ние ќе се занимаваме исклучиво со управителот на овој процес Блерим Беџети.

Оттука добро е јавноста да дознае кога во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим за 12 илјади евра интелектуални услуги кои ги добива од Комунална хигиена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ