Инцидент во Австрија: Маж извикал „Алах акбар“ и пукал, полицијата го бара напаѓачот

Од:

Вознемирувачки сцени беа снимени во виенската населба Флоридсдорф. Според очевидци, еден млад човек испукал неколку куршуми од пиштол, извикувајќи „Алах акбар“.

Инцидентот се случил синоќа околу 21 часот во близина на скејт-паркот на Боденштетгасе. Видеото, кое е снимено од прозорецот на еден жител, прикажува група млади мажи како бркаат некого низ паркот. Еден од нив држи пиштол и испука неколку куршуми во различни насоки, постојано извикувајќи „Алах акбар“, што на арапски значи „Бог е најголем“.

По пријавите од граѓаните, на местото на настанот веднаш пристигнале големи полициски сили и специјалната единица WEGA, обезбедувајќи ја пошироката област околу Флоридсдорфер Банхоф. Сепак, до моментот кога пристигнала полицијата, сторителите веќе биле заминати и веднаш била започната потрага по нив.

Портпаролот на полицијата, Маркус Дитрих, потврди дека се пронајдени седум чаури, за кои е утврдено дека потекнуваат од таканаречен гасен пиштол, кој може да произведе звук сличен на вистинско огнено оружје, но не е смртоносен.

Покрај криминалистичката полиција, случајот го презеде и Покраинската канцеларија за заштита на уставниот поредок и борба против екстремизмот. Истрагата е во тек, а интензивната потрага по осомничени продолжува.

Виенската полиција ги повика сите граѓани кои имаат информации или видео снимки поврзани со овој случај да ги достават за да се расветли повеќе инцидентот.

Би можело да ве интересира

Малолетник е повреден од рикошетиран куршум испукан на семејна веселба

Нападнат полицаец на Водно

(ВИДЕО) Хорор на фестивалот: Огномет експлодираше во публиката, голем број повредени

Оружен инцидент во црква Кентакти: Има мртви и ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хорор сцена од Мундијалот: Донарума му ја скрши ногата на Мусијала

(ВИДЕО) Хаос во Русија, полицијата мораше да пука, има мртви и ранети

Горан Наумовски