Која гаранција ќе биде конечно доволна за Мицкоски, прашува Филипче

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека побарал поддршка од секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) за резолуцијата за македонскиот идентитет и јазик, за која следната недела ќе се расправа во Европскиот парламент. Во денешната изјава тој ја овора дилемата дали оваа декларација ќе биде доволна гаранција за владата за да го откочи евроинтеграцискиот процес.

-Јас веќе вчера зборував со секретарот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), во чие семејство ние припаѓаме – господинот Џакомо Филибек, во однос на координации. Денес ги продолжуваме разговорите, да видиме кои се тие конкретни чекори коишто треба да ги направиме, да разговараме со европратениците кои припаѓаат во нашето семејство на демократи и социјалисти, рече Филипче.

Повик за пооддршка и лобирање за оваа декларација испрати премиерот Христијан Мицкоски, по што Филипче разговарал со секретарот на ПЕС, но сепак прашува дали таа ќе биде доволна форма за гаранција за премиерот за да почне процесот на уставни измени.

-Што е целта на оваа декларација и дали конечно доколку биде е прифатена тоа ќе биде нешто што за премиерот ќе биде доволна форма на гаранција за да се започне процесот на уставните измени? Поради тоа што се има впечаток дека владата секогаш има некакви принципи и црвени линии, меѓутоа, ако тие не важат, имаат и други. На почетокот беше одолженото дејство на уставните измени, понатаму беа пресудите во Стразбур, еве сега – декларација во Европскиот парламент. Значи, клучното прашање е што е тоа што е доволно?, рече Филипче.

Посочи дека владата на СДСМ сосема доволно направила за да се заштити и јазикот и идентитетот на македонскиот народ, а дека доказ за тоа е што македонскиот јазик е официјално прифатен во Европската Унија, без никакви ѕвездички или фусноти и веќе има потпишан прв официјален договор на чист македонски јазик – договорот за Фронтекс.

-Но, еве, ќе бидеме апсолутно конструктивни, затоа што сметам дека тоа е и добро и правилно, поради тоа што треба конечно да го откочиме овој блокиран процес, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кичево: Народот е изморен од лаги и празни ветувања – опозицијата „боледува од вирусот на безидејноста“

А1он

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите треба да помине пред изборите

Катерина Ѓуровски

Македонија ќе ја следи Европа во политиките за санкции кон Русија

Катерина Ѓуровски

Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра