Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Од:

Федерален суд на САД блокираше многу од високите царини на претседателот Доналд Трамп врз странските земји, пресудувајќи дека тој ги пречекорил своите овластувања.

Пресудата, донесена од страна на панел судии во Американскиот суд за меѓународна трговија, ја запре широката царина од 10 проценти што Трамп ја воведе врз „речиси секој трговски партнер на САД“ и се закани со повисоки царини за десетици земји, објави NBC News.

Судот, исто така, блокираше посебен сет царини наметнати од администрацијата на Трамп врз Кина, Мексико и Канада, во кои како причини за зголемувањето се наведуваат трговијата со дрога и нелегалната имиграција.

Би можело да ве интересира

Трамп го обвини Министерството за трговија дека намерно објавило неточни податоци

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски