Трамп: Нетанјаху да не прави ништо што би можело да ги попречи разговорите со Иран

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема никакви дејствија што би можеле да ги попречат нуклеарните разговори со Иран.

„Му реков дека би било несоодветно да се стори тоа во овој момент бидејќи сега сме многу блиску до решение. Тоа може да се промени во секое време“, им рече Трамп на новинарите, објави Ројтерс.

Во исто време, двајца ирански официјални извори рекоа дека Иран би можел да го паузира збогатувањето на ураниум ако САД ги ослободат замрзнатите ирански средства и го признаат правото на Техеран да збогатува ураниум за цивилни цели, како дел од „политички договор“ што би можел да доведе до поширок нуклеарен договор.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Австралија треба да внимава на реториката поврзана со антисемитизмот

Трамп: САД се подготвуваат за копнени операции во Венецуела

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО

Венецуела има таен воен план за напад врз САД

„Тајм“: Европските лидери немаат никакво влијание врз Трамп

Трамп: Планирам да назначам Комитет за мир во Газа на почетокот на следната година