Кремљ: Истанбул би можел да биде домаќин на следната рунда преговори меѓу Русија и Украина

Од:

Истанбул се разгледува како можно место за следната рунда разговори меѓу Русија и Украина, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Секако, секако“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан за тоа, објави РИА Новости.

Портпаролот на Кремљ, исто така, најави размена на нацрт-меморандум со Украина, со предлози за прекин на огнот и можен иден мировен договор.

„Работата е во завршна фаза, овој документ ќе се појави наскоро“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан за рускиот нацрт-меморандум, објави Интерфакс.

Тој нагласи дека Кремљ нема да ја открие содржината на рускиот нацрт-меморандум за украинското решение.

Би можело да ве интересира

Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни

ОН: Најмалку 70 цивили убиени, повеќе од 500 повредени во Украина од почетокот на мај

Неколку згради се оштетени во руски напад на Киев

Паника во Европа: Хантавирус и Украина

Дмитриј Песков: Конфликтот во Украина може да заврши ако Зеленски донесе одлука

Зеленски: Русија продолжува со напади и покрај примирјето