Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Од:

Левица продолжува да објавува факти за незаконското градење хотел од поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков, во строго заштитена зона на Охридското Eзеро. Претходно, Левица објави дека инспектор за животна средина Игор Трајкоски постапил незаконски при надзорот над спорниот хотел и не ја утврдил фактичката состојба. Односно, инспекторот при увидот наместо да го побара Решението за одобрување на Елаборат (кое го издава Министерството за животна средина), тој од инвеститорот „Дивелоп Груп” (фирма на Мијалков), побарал само Елаборат за животна средина, кој го изготвува самиот инвеститор, тврдат од Левица.

„Причината зошто инспекторот Трајкоски свесно заобиколил да го побара Решението за одобрување на Елаборат е тоа што вакво решение не постои. Односно, во одговор на Министерството за животна средина јасно стои дека во “министерството нема издадено Решение по Елаборат за животна средина”. Согласно законските одредби, без вакво решение воопшто не смее да се издаде одобрение за градба.

Но, за градоначалникот Пецаков нема ништо незаконски за нивниот поранешен партиски директор, затоа што според тврдењата на локалната власт, одобрението за градба на хотелот на Мијалков датира од 2012 година?! Власт која не пропушта да истакне дека сите ќе одговараат и дека ќе се расчистат сите криминали, очигледно не може да поведе ниту една кривична постапка за криминално издадено одобрение за градба, додека се узурпира непроценливо природно богатство.

По примерот на дивоградбата на Нефи Усеини (која непречено се изгради под владеењето на “скандинавскиот” градоначалник Кирил Пецаков), така институциите не постапуваат и за криминалниот проект на Сашо Мијалков. Борбата против криминалот и корупцијата е само празна флоскула на Владата предводена од ДПМНЕ, која очигледно уште не е ослободена од влијанието на нивниот поранешен директор на УБК и неговите криминали“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Од шанса за промоција до меѓународен срам – Борко не може да бега од одговорност!

Коцевски: Интерпелацијата против мене е неиздржана, а законот и не предвидува можност за политичка одговорност на Обвинителот

Катерина Ѓуровски

Оставката на Димитровска не е морален чин туку резултат на јавен притисок – целиот состав на ДКСК треба да си замине, реагира Левица

Мојсоска: Левица гласаше за хуманитарна помош за Газа – Собранието ја отфрли резолуцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Левица со задоцнета загриженост-каде беше кога СДС го пустошеше ЕСМ?

Левица: ЕСМ стана најголем државен загубар откако има финансов директор-политиколог

Горан Наумовски