Левица: Развојната банка одби да ја приложи листата на компании кои добиле средства од унгарскиот заем

Од:

По побаран пристап до информации од јавен каратер – Развојната банка на Македонија одби да ја приложи листата на компании кои добиле средства од унгарскиот заем од 250 милиони евра што го обезбеди на брза трака Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, со образложение дека се работи за „деловна тајна“. Во секоја правно и фискално уредена држава, средствата што ги позајмува Владата во име на граѓаните мора да бидат распределени на транспарентен начин и подложни на јавен надзор, велат од Левица.

„Станува збор за јавен долг кој ќе се сервисира со пари на даночните обврзници (граѓаните), а не од приватен фонд на владејачката елита. Криењето на имињата на компаниите кои добиле државна поддршка претставува сериозно отстапување од начелата на транспарентност, отчетност и еднаков пристап. Тоа отвора сомнежи за злоупотреба, клиентелизам и нефер распределба на јавни ресурси.

Доколку компаниите немаат што да кријат, зошто јавноста не смее да ги знае нивните имиња? Ако постои реална намера да се поттикне економскиот развој, тогаш целата постапка мора да биде отворена, а не скриена зад параванот на „деловна тајна“. Ова е прашање на јавна политика, а не на банкарски односи. Ги потсетуваме институциите, особено Развојната банка, дека нивната основна функција е да дејствуваат во корист на јавниот интерес и економскиот развој, а не да штитат поединечни деловни интереси. Левица бара итно објавување на целосната листа на компании кои добиле средства од унгарскиот заем, како и критериумите според кои тие биле избрани. Ќе ги искористиме сите расположливи правни и институционални механизми за да ја добиеме оваа информација, затоа што јавниот интерес не може да биде цензуриран. Јавните пари подразбираат јавна отчетност, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Апасиев: Хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

Горан Наумовски