Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај

Од:

Седницата за избор на гувернер на Народната банка е закажана за среда, 28 мај. Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, седницата ќе почне во 11 часот, а изборот на гувернер е прва точка на дневен ред.

За иден гувернер е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески кој доаѓа од Економскиот факултет и тој треба да дојде на местото на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска.

Славески ќе има седумгодишен мандат, а предлогот тој да биде иден гувернер го достави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова. Таа пред да ја донесе одлуката, разговараше со кандидатите за гувернер, а во информацијата објавена по изборот напиша дека изборот меѓу кандидатите бил тежок и дека се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.

– Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати, посочија од Кабинетот на претседателката.

Од ВМРО-ДПМНЕ се изјансија дека ќе дадат поддршка за предлогот за иден гувернер, додека од опозицијата изјавија дека нема да гласаат за предлогот затоа што според нив се работи за партиски кадар, а не за експерт што досега било традиција при изборот на гувернер.

Би можело да ве интересира

Славески: Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола

А1он

Народна банка: Oд следната недела лимитoт за подигање готовина и плаќања се зголемува од 10.000 на 15.000 денари

А1он

Народна банка: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери

Народна банка: Не е забележан трансфер на поголеми средства во и кон Србија и Русија преку Алта банка Битола

Народна банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста

Славески: Независноста на НБ е клучот за зачувувањето на довербата и финансиската стабилност

А1он