Народна банка: Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 556 пензионери

Од:

На 556 пензионери кои имаат платежни сметки во Банката, а не располагаат со платежни картички, денеска им се исплатени средства од „АЛТА банка“ АД Битола, во филијалата во Битола, иако според првичниот план се очекуваа околу 400 исплати.

– Исплатата на средствата се одвиваше во најдобар ред. Иако за денеска преку СМС-пораки беа повикани околу 400 граѓани, на шалтерите беа услужени сите граѓаните кои немаат оставено телефонски број за контакт, а самостојно дошле да ги подигнат средствата. Согласно со утврдените ограничувања, граѓаните можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели.

Истовремено, на сметките на „АЛТА банка“ АД Битола денеска се уплатени и средствата наменети за исплата на социјалната помош од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Со тоа се создадени услови исплатата на средствата за корисниците на социјална помош да започне од утре, 6 ноември.

Потсетуваме дека филијалата на „АЛТА банка“ во Битола утре (6.11) ќе работи во две смени, а ќе работи и во сабота. Очекуваме по извршените подготовки, следната недела да се отворат шалтери и во другите градови. Народната банка продолжува со преземање активности за надминување на настанатата состојба и изнаоѓање соодветни решенија за постепено и безбедно олеснување на располагањето со средствата на граѓаните и компаниите, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Да не излезе одговорот за Алта банка во Sky преписките

Претседателката на Комисијата за надзор на пазарот на капитал, Абази на надзорната расправа во Собранието: Постапката за АЛТА Банка беше транспарентна и целосно законска!

А1он

Уапсени се братот на Давор Мацура и директорката на „Алта Пеј Груп“

А1он

Ивановски: Финансиската полиција не ја проверувала Алта банка, не добила барање ниту од Народната банка

Фросина Целеска: Алта банка е солвентна, ликвидна и има показатели за квалитетот на кредитното портфолио