Народна банка: Не е забележан трансфер на поголеми средства во и кон Србија и Русија преку Алта банка Битола

Од:

Во однос на наводите во јавноста за трансфер на поголеми износи на средства во и кон Србија и Русија преку „АЛТА банка“ АД Битола, врз основа на детално анализирани податоци, вакви трансакции во текот на 2025 година и заклучно со октомври 2026 година не се забележани, информира Народната банка.

Податоците покажуваат дека трансакциите на клиентите на банката со Србија се во незначителни износи, особено имајќи го предвид обемот на платниот промет и редовното работење на „Алта банка“ АД Битола. Во 2025 година и заклучно со октомври 2026 година, приливите од Србија изнесуваат 2,2 милиона евра и 6,2 милиона евра, соодветно, додека одливите изнесуваат 5,3 милиони евра и 7,2 милиона евра. Овие трансакции се поврзани со редовното работење на клиентите на банката.

Во истиот период, приливите од и одливите кон Русија не се евидентирани во платниот промет и билансот на Банката.

Би можело да ве интересира

Од денеска исплата на средства за клиентите на Алта банка без платежни картички во Битола

Од 5 ноември исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола

На Мацура му е одреден притвор од 30 дена, осомничен дека од трезорот на Алта банка изнел 45 милијарди динари

Катерина Ѓуровски

Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

Приведен е Давор Мацура, сопственикот на Алта банка

Катерина Ѓуровски

Народна банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста