Путин: Ќе се создаде тампон зона помеѓу руско-украинската граница

Од:

Донесена е одлука за создавање безбедносна тампон-зона по должината на границата меѓу Русија и Украина, а руските вооружени сили во моментов го решаваат ова прашање, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Зборувајќи за неговата посета на Курската област и директниот дијалог со локалното население, Путин рече дека жителите на Курската област се соочуваат со отворени терористички акции од страна на украинските вооружени сили и странски платеници.

„Разговаравме за прашањата што најмногу ги засегаат луѓето – жителите на селата и градовите кои страдаа од гранатирање и борбени операции и од терористичките методи што ги користат украинските формации и странските платеници“, нагласи Путин.

Според него, методите што ги користат украинските вооружени сили и странските платеници се терористички.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски