Цеков: Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец

Од:

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во Собранието поднела Предлог-закон во кој се бара измена на членот 51 во Законот за Додадена вредност односно зголемување на прагот за регистрација на ДДВ за регистрираните индивидуални земјоделци да се зголеми од 2 на 4 милиони денари.

Како што појасни на денешната прес-конференција пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, целта на оваа измена е директен одговор на реалниот живот на македонскиот земјоделец, во кој има зголемени трошоци за производство, зголемени цени на репроматеријални, како што е горивото, зголемени цени на ѓубрива, а и цената на финалниот производ е зголемена.

Со оваа измена, потенцираше пратеникот Цеков, не бараме ослободување од данок, туку се работи за само зголемен праг на 4 милиони денари прилагоден на реалната фактичка состојба. Уште еднаш повтори дека целта е и да се намали сивата економија, да се поттикне формалното прозводство и да се почитува трудот на земјоделецот.

– Сето тоа придонесува законскиот праг од 2 милиони денари да го надминат уште во првите четири-пет месеци во годината. И потоа тие продаваат на рака односно во кеш или преку сметки на други лица, со што практично ја поттикнвуаат сивата економија бидејќи ако го надминат прагот од 2 милиони денари тие би морале да станат даночни обврзници или правни субјекти, а со тоа ќе станат правни субјекти со трошоци за книговодство, пријави, завршни сметки и други дополнителни трошоци, нагласи Цеков.

Тој додаде дека тие, како што наведе, се мачат да опстанат и на тој начин ги туркаме кон сивата економија.

Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија ги повикува сите политички партии да ја поддржат оваа зкаонска измена што е во полза на „човекот кој работи“.

Цеков потсети дека Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија во својата програма го вети моделот „Македонија самоодржлива земја со стимул на домашното прозиводство на храна“.

– Ако државата сака домашна храна треба да го поддржи македонскиот земјоделец затоа што се повеќе увезуваме храна, рече на прес – конференцијата пратеникот Цеков.

Би можело да ве интересира

Реакција на движење ЗНАМ за Наша Македонија на изјавата на Изет Меџити

Потпишана Иницијативата за формирање на Клуб на млади на Движењето ЗНАМ за наша Македонија

Предраг Петровиќ

Прв летен камп за млади на Движењето ЗНАМ за наша Македонија во Струга

Летен камп на младите на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија

Мемов: Време е за разоткривање на лажниот патриот и неспособниот политичар Мартин Костовски

Димитриевски: После 15 август ќе се знаат деталите од преговорите со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ