СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за ново задолжување од шест милијарди евра, а јавноста сè уште нема добиено ниту една конкретна информација за содржината и обврските кои произлегуваат од тој договор.Нема одговори за тоа кои се условите, колкава е каматата, на колку години ќе се враќа овој кредит и колку тоа ќе ги чини граѓаните на крај, вели организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски.

– Дополнително се отвора уште еден аспект. Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање: Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти? Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. И Владата – молчи. Сега, кога веќе и британски медиуми и политичари зборуваат за „широка соработка“ во делот на миграцијата, молкот станува аларм.Затоа денес, јавно, пред граѓаните, ја прашуваме Владата:Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман, рече Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда