Нетанјаху му нареди на преговарачкиот тим да остане во Доха и покрај застојот во преговорите

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му нареди на преговарачкиот тим да остане во Доха барем уште еден ден, и покрај застојот во разговорите за заложниците, објавија локалните медиуми.

„Остануваме за да не ги навредиме САД. Не би било добро Израел да ја напушти Доха пред Хамас да го стори тоа“, изјави израелски функционер, според „Тајмс оф Израел“.

Канал 13 цитираше неименуван функционер кој изјави дека Нетанјаху ја донел одлуката за да покаже дека Израел „не е пречка во преговорите“.

Нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас започна во Доха пред три дена, додека во исто време Израел започна широка копнена офанзива наречена, „Гидеонова кочија“ во Појасот Газа.

Претставник на Хамас вчера изјави дека досега не е постигнат никаков напредок во преговорите.

„Досега не е постигнат никаков пробив или напредок во тековните преговори во Доха поради континуираната израелска непопустливост“, изјави извор од Хамас за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

„Фокс њуз“: САД за сè беа известени однапред

Горан Наумовски

Палестински медиуми: Доселениците запалија земјиште и каменуваа жители на Западниот Брег

(ВИДЕО) Нова ескалација на Блискиот Исток: Израел нападна воен аеродром во Сирија

Кушнер и Нетанјаху четири часа разговараа за Газа, САД сакаат да го тестираат Хамас

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД