(ВИДЕО) „Рускиот јазик им е мајчин, а Русија е нивната татковина“: Путин откри што значи крајот на војната во Украина

Од:

Долгорочниот мир и заштитата на правата на населениетео кое зборува руски во Украина мора да бидат клучниот резултат на специјалната воена операција на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за новинарот на ВГТРК, Павел Зарубин.

Путин нагласи дека Русија има доволно сили да ја заврши „специјалната воена операција“ и да ги постигне поставените цели.

„Целите се однесуваат на отстранување на основната причина за оваа криза, создавање услови за долготраен и одржлив мир и обезбедување безбедност за Русија“, рече Путин.

Путин додаде дека тоа важи и за луѓето кои живеат на тие територии, на кои рускиот јазик им е мајчин јазик, а Русија ја сметаат за своја татковина.

Путин постојано ја нагласува потребата да се земат предвид руските интереси кога се решаваат основните причини за кризата. Според него, ова е единствениот начин да се воспостави долгорочен мир.

На 16 мај во Истанбул, Турција, се одржаа преговори меѓу Русија и Украина. По средбата, Москва и Киев се договорија за размена на воени заробеници по формулата „1.000 за 1.000“, да ги претстават своите предлози за потенцијален иден прекин на огнот, да ги разработат детално и да продолжат со преговарачкиот процес.

Советникот на рускиот претседател Владимир Медински, кој ја предводеше руската делегација во Истанбул, изјави дека руската страна е задоволна од исходот на преговорите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

ВИДЕО: Гори околината на Москва, жесток украински напад

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина нападна длабоко во руска територија, Русија удри на Киев

Катерина Ѓуровски

Guardian: Кремљ пред одлука – регрутација или нова мобилизација?

Предраг Петровиќ

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски